Светски ден на книгата и авторското право

Од:

Националната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“ денеска ќе го одбележи Светскиот ден на книгата и авторското право.

– Книгите се најмоќните алатки што ни стојат на располагање за да се отстрани сиромаштијата и да се зајакне мирот. Во нив е изразена човечката креативност и желбата за споделување идеи и сознанија, но и за ширење на разбирањето и толеранцијата, вели генералниот директор на УНЕСКО Ирина Бокова во пораката по повод Светскиот ден со чие читање ќе почне одбележувањето.

Пораката повикува сите жени и мажи да се приклучат кон каузата на книги, како и кон сите што ги пишуваат и издаваат. Се осврнува на развојот на дигиталните медиуми кои овозможуваат слободна размена на знаењата, а тоа, посочува Бокова, носи дополнителни неизвесности.

– Светот доживува голема експанзија во развојот, а книгите не се исклучок. Појавата на дигиталните медиуми значи нова шанса која треба да се искористи. Дојде време за примена на нови трговски искуства во издаваштвото, стои во пораката.

Оваа трансформација, како што се наведува, сериозно ја доведува во прашање дефиницијата на книгата и го поставува прашањето за статусот на авторот во ерата на дигитализацијата.

– УНЕСКО е на прагот на нови дебати за дематеријализација на книгите и на авторските права. Бранејќи го авторското право, но и слободниот пристап кон книгите, УНЕСКО е на страната на креативноста, разноликоста и на еднаквоста на пристапот до знаењето, додава Бокова.

По пораката на УНЕСКО, прочитана ќе биде и македонската од академик Митко Маџунков според кој, прашањето за местото на книгата во денешниот свет, вклучувајќи ги и авторските права, отвора многу важни теми како, соодносот меѓу печатените книги и електронските изданија и слободниот пристап на интернет.

– Таму каде што недостасува земната храна, не треба да се загорчува и духовната храна. Авторските права треба да се почитуваат, но треба да се почитува и правото на пасионираните читатели чија потрага по нови книги во една слободна духовна татковина игра важна, речиси пионерска улога, вели академик Маџунков.

Во рамки на одбележувањето на Светскиот ден ќе биде доделена наградата за најчитан автор според јавните библиотеки на Македонија, изведен ќе биде монолог од Венецијанскиот трговец на Шекспир, а ќе бидат отворени и изложби на дела од рачно изработена еколошка хартија.

Традиционалното подарување книга и роза е исто така дел од манифестацијата во НУБ „Св. Климент Охридски“ по повод Светскиот ден.

Би можело да ве интересира

Промоција на монографијата „Чашуле: Приказнувачот“ на Ана Стојаноска на фестивалот „Војдан Чернодрински“ во Прилеп

Ана Ололовска

Работилница за книжевен превод „Без фусноти“

Ана Ололовска

Промоција на книга на Оливера Доцевска во Белград

Ана Ололовска

Промоција на романот „Полиглот“ од Игор Станојоски

Ана Ололовска

Избор од поетското творештво на Иван Антоновски објавен во Србија

Ана Ололовска

Промоција на книга од Дијана Петрова во Градската библиотека

Ана Ололовска