Познатиот воз од дваесетите години на минатиот век „Ориент-експрес“, повторно сообраќа еднаш годишно на традиционалната рута од Париз до Истанбул. На 3. септември тој пристигна во Букурешт.
Возот во неделата застана и во градот во Карпатите, Синај, па туристите веднаш излегоа да го посетат музејот во „Пелеш“ палатата, изградена за време на владеењето на кралот Карол Први, време кога е изградена и железничка станица во Синај. Палата, како и другите кралски згради во Синај, вклучувајќи ги тука и шумите сега му припаѓаат на кралот Михајло Први.
Ориент-експрес првпат тргна пред 125 години од Источната станица во Париз, па до Истанбул и со години сообраќаше на оваа линија од 2.500 километри, притоа поврзувајќи ја Западна и Источна Европа. Тој беше инспирација на многу писатели, режисери и останати уметници, меѓу кои и Агата Кристи, писателката чиј роман за возот е еден од најпопуларните во светот.
Годинава со возот патуваат 42 туристи од САД, Франција, Англија, Белгија, Германија, а задоволството за шест дена ги чини повеќе од 7.000 евра. Тие велат дека многу се задоволни со патувањето во аристократската атмосфера.
Ориент-експрес е составен о 10 вагони, секој со неколку купеа за спиење, ресторан, а има и еден, специјален вагон направен да биде како дневна просторија.