„Никола Груевски од петни жили ги убедува граѓаните да му дадат доверба за да освои 62 пратеника. Но, тие треба да се свесни дека тој еднаш веќе имаше толку пратеници и дека токму тогаш тој ги направи најголемите штети на државата и на народот. Вели не сакал уцени и притисоци од ДУИ.
Па тој токму со ДУИ беше во коалиција кога имаше и повеќе од 62 пратеника и тоа ниту на едните ниту на другите не им пречеше економски, политички и етнички да го распарчуваат македонското општество. На Никола Груевски не му пречат Албанците, со нив му оди бизнисот, нему му пречат сите Македонците што не мислат како него. А најмногу му пречи опозицијата која му ги вади аферите за кои обичните граѓани па ниту неговите симпатизери не ни претпоставуваат дека ги има.
Токму затоа партиските медиуми имаат забрана за објавување на аферата што деновиве ја објави опозицијата според која Никола Груевски е вплеткан во нелегален бизнисз вреден еден ипол милион евра.
Затоа НСДП им укажува на граѓаните дека со таков Премиер обвинет јавно за финансиска афера Македонија ќе го изгуби кредибилитетот пред меѓународните и политички и финансиски институции. Како можеме да очекуваме странски инвеститори во земјава кога тие нема да имаат доверба да ги вложат своите пари во бизниси во кои главен збор има фамилијата на Груевски.
По овој скандал во Македонија можат да доаѓаат само сомнителни бизнисмени и компании како Субрата Рој кои од Македонија ќе сакаат да направат оф шор компанија за перење пари“, се вели во соопштението на НСДП.