Шведската влада планира зголемување на трошоците за одбрана поради заканата од Русија

Од:

Шведската влада ќе ги зголеми буџетските трошоци за одбрана во следната деценија, со цел да одговори на зголемената закана од Русија, се наведувa во статија на весникот „Дагенс њухетер“ потпишана од лидерите на владејачката коалиција.

Ако остане на власт, коалицијата, што според анкетите не може да смета на силна поддршка на парламентарните избори во септември, планира да купи повеќе борбени авиони и подморници и да го зголеми присуството на Шведска во Балтичко Море.

Се предвидува набавка на 70 нови борбени авиони од компанијата „Сааб“, ремонт на три стари подморници и набавка на две нови, како и откупување на производствените капацитети на германската компанија „ТисенКруп“ во Шведска.

Од крајот на студената војна до сега Шведска постепено ги намалуваше трошоците за одбрана.

Би можело да ве интересира

Шведската полиција откри кинески брод во близина на можна саботажа на два кабли на Балтикот

Шведска и Финска: Украина може да ја нападне територијата на Русија без ограничувања

Пукање во Шведска: Тешко ранет е тинејџер

Пукање во Малме, најмалку едно лице загина

Двајца Британци убиени, па запалени во Шведска

Горан Наумовски

Аларм во Стокхолм: Поради можна бомба евакуирана е Централната железничка станица