Мирка Велиновска го карала Груевски за Загорец Тумбовски во 2009-та

Од:

Новинарката Мирка Велиновска во 2009-та година преку колумна го критикуваше премиерот Никола Груевски за неуспех во справувањето на како што пишува „транзициската мафија“.

Велиновска во колумната од пред пет години бараше оставка од премиерот Никола Груевски поради тоа што според неа не успеал да ја реформира Македонија во правна држава.

Дел од нејзината колумна посветен е и на Загорец Тумбовски, лицето кое според тврдењата на лидерот на СДСМ, Зоран Заев уплатил 80.000 евра на парагон каса прими во 2006-та кога премиер станува Никола Груевски.

Мирка Велиновска прашува како во 2009-та година, судот во Струмица од кривична постапка за дело измама, фалсификат и злоупотреба на службената положба, го ослободува осомничениот Загорец Тумбовски.

„Нема друго објаснување зошто и во 2009 година еден македонски суд (општински суд во Струмица) во кривична постапка за дело измама, фалсификат и злоупотреба на службената положба, ги ослободува осомничените Здравко и Загорац Тумбовски, Ѓорѓи Теневски, Блаже Србиновски и Левко Таневски, кои, со серија измами и фалсификати, користејќи ги многубројните „формалноправни“ празнини во нашите закони (пишувани по политичка нарачка од нашите фамозни правни експерти) буквално го ошуриле Митко Бојчев, деловен човек од САД, кој бил доволно наивен (ние овде би го нарекле глупав) да поверува дека во европска Македонија може законски да инвестира и да профитира доколку фати да тера работа со домицилните транзициони манги и хохштаплери. Велам, нема никакво разумно објаснување зошто и во 2009 година се практикува хохштаплерскиот рецепт што од една друга политичка гарнитура беше смислен за да се изведе формалноправно озаконета пљачка на општествениот имот. Пак ли? Уште ли? Има ли крај оваа наша транзиција?“, напиша Мирка Велиновска во 2009-та.

Колумната може да ја прочитате ТУКА. 

Би можело да ве интересира

ДУИ: Премиерот не е обвинител, ниту има право да ја злоупотребува својата позиција за политичка борба

Горан Наумовски

Коцевски: Јавно ја осудувам секоја форма на притисок и закани кои се насочени кон замолчување на новинарите

Американците 10 часа ги испрашувале руските новинари кои доаѓале да известуваат за изборите

Почина Исуф Кадриу, дописник на РСЕ од Скопје

Предраг Петровиќ

Во првите сто дена од новата влада Мицкоски најави проект во енергетиката, две инвестиции и проширување на други две

А1он

Џафери: Дали ќе одам во опозиција зависи од исходот на преговорите за нова Влада

A1on