Хакерството за шпионски цели драстично се зголемува, а граѓаните и владите од Источна Европа имаат се поголема улога во таа активност, покажува едно од најдеталните годишни истражувања за упадите во компјутерските системи.
Четириесет и девет отсто од случаите на шпионски упади, извршени во 2013 година, им се припишуваат на граѓани на Кина и на други источноазиски држави.
Земјите од Источна Европа, особено оние во кои се говори рускиот јазик, учествуваат со 21 отсто во хакерските напади, посочува компанијата „Верајзон комјуникејшн“ во годишниот Извештај за истражување на нападите врз базите на податоци.
Околу 25 отсто од шпионските напади не можат да бидат припишани на хакери од конкретна држава, додаваат авторите на извештајот.
Единасет проценти од нападите им се припишуваат на организирани криминални групи, а 87 отсто на влади.