Кошаркарите на Мемфис постигнаа победа на гостински терен во вториот натпревар од НБА плеј-офот против Оклахома Сити и изедначија на 1-1 во победи.
Ноќеска Мемфис предводен од Зак Рендолф славеше со 111:105, откако домаќинот во регуларниот дел со кош во последната секунда се избори за продолжение.
Рендолф натпреварот го заврши со 25 поени, но имаше помош од соиграчите, двоцифрен број поени постигнаа уште четири гостински кошаркари.
Кај Оклахома Кевин Дјурант со 36 поени беше најефикасен, а Расел Вестбрук постигна 29.
Следните два натпревара се играат на теренот на Мемфис.
Победа за изедначување на скорот во победи 1-1 обезбеди и ЛА Клиперс откако на домашен терен го победи Голден Стејт со 138:98.
Блејк Грифин со 35 поени беше најефикасен на натпреварот.
Вечерва се играат три натпревари: Индијана – Атланта (0-1 во победи), Торонто – Бруклин (0-1) и Чикаго – Вашингтон (0-1).