Сан Антони Спарс го отворија финалето на Западната конференција со победа против Тандер со 101:98, продолжувајќи ја својата низа на сега рекордни 19 победи едноподруго.
Спарс и Тандер не разочараа во нивната прва пресметка во Сан Антонио, напротив, одиграа одличен натпревар во кој на крајот домаќините беа тие кои се радуваа на победата од 101:98 и предноста од 1-0 во финалето на Западот.
Ману Џинобили со своите 26 поени го предводеше нападот на Спарси во 19-та победа едноподруго (заедно со крајот на регуларниот дел и разигрувањето).
Тоа е изедначување на НБА рекордот за една серија победи пренесена во плејофот по серијата на Лејкерси од 2001. година, а триумф во вториот дуел ќе значи и нов рекорд.
Младиот тим на Оклахома Сити дојде најблиску до прекинувањето на низата на Сан Антонио, која трае веќе 46 дена.
Сепак, искуството на тимот на Грег Попович, и неколкуте клучни одбрани во последните минути, беа премногу за гостите од Оклахома Сити, последната четвртина ја загуби со 27:39.
Кевин Дурент со 27 поени и десет скокови, Џејмс Харден со 19 и Расел Вестбрук со 17 поени беа најефикасни во редовите на Оклахома Сити, за која Дерек Фишер додаде 13 поени од клупата.
На спротивната страна Ману имаше помош во 18 поени и осум скокови на Тони Паркер, 16-те поени и 11 скокови на Тим Данкан и 12-те поени на Гери Нил од клупата.
Неизвесностиот прв натпревар вети интересна серија, која продолжува во вторник навечер, кога повторно се игра во Сан Антонио.