Авоните ќе се движат со преработено ѓубриво

Од:

Компанијата „Солена фјуелс“ со „Бритиш ервејс“ планира изградба на фабрика за производство на биогориво од кујнски и индустриски отпад во рамки на проектот „ГринСкај“.

Фабриката, како што најави американската компанија, би требало да почне со работа во 2017 година.

Ова е прв обид за преработка на кујнски отпад во биогориво за аеро-наутичката индустрија.

Фабриката ќе биде изградена во Тарок, во Есекс, и ќе преработува околу 575.000 тони отпад во 120.000 тони биогориво.

Британската авио-компанија „Бритиш ервејс“ склучи договор за откуп на 50.000 тони зелено гориво.

– Постојано бараме начини да го намалиме нашето влијание врз климатските промени. Овој проект претставува значаен чекор за аеро-наутичката индустрија, изјави директорот на „Бритиш ервејс“ Вил Велш.

„Бритиш ервејс“ во 2012 година превезе 37 милиони патници. Компанијата во моментот располага со 270 авиони.

Би можело да ве интересира

Разговараа Трамп и Путин

Предраг Петровиќ

Трамп Јуниор му се потсмева на Зеленски: „Уште 38 дена до губење на џепарлакот“

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Снимки од силните земјотреси во Куба, паника насекаде

Предраг Петровиќ

Украина е пред судбоносна одлука: Ќе се повлече ли пред 50 илјади руски и корејски војници

Трамп победи и во Аризона, ги освои сите седум клучни држави

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Москва нападната со дронови, затворени аеродромите

Предраг Петровиќ