А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Крипто
InstagramTelegram
А1он
Од: А1он
Македонија

Ставрески: Помали казни и нови сто милиони евра за домашните фирми

by А1он21/04/2014 - 15:1462
Share0

Носителот на листата на Изборната единица 4, на коалицијата „За подобра Македонија“, предводена од ВМРО – ДПМНЕ, Зоран Ставрески денеска во Струмица ги информираше стопанствениците за програмата на ВМРО-ДПМНЕ за следните четири години.

Следете a1on на Instagram Instagram

Ставрески изрази уверување дека програмата ќе наиде на добар интерес, како и секаде каде што разговараат за мерките за стопанството.

– Основно е дека и понатаму Македонија ќе биде земја со најниски даноци во Европа, ќе го задржиме рамниот данок со ослободување целосно од реинвестираната добивка од плаќање на данок што им помага на фирмите да инвестираат во нови машини, опрема, објекти и слично, нагласи Ставрески.

Второ, посочи тој, ќе има намалување на казните при што посебно поголемо ќе е намалувањето кај малите фирми, кај малите и средни фирми, значи, подвлече, пропорционално на приходот и на големината на фирмата ќе се плаќаат казните што ќе предизвика општо намалување на висината на казните кое што ќе биде поголемо кај помалите фирми.

Следете a1on на Youtube YouTube

– Стоте милиони евра што ќе им ги дадеме на располагање на фирмите исто така ќе ги објасниме да знаат точно каде може да аплицираат, кога може да аплицираат фирмите и слично. Сто милиони евра со каматна стапка од 5,5 проценти се на располагање за фирмите од Струмица и од цела Република Македонија, како и новите 10 милиони евра докапитализација на Македонска банка за поддршка на развојот за фирмите што сакаат да откупуваат или извезуваат земјоделски производи тоа е посебно интересно за компаниите од струмичкиот регион, појасни Ставрески.

izbori

Би можело да ве интересира

Венс за претседателската трка во 2028 година: Не се сомневам дека Трамп ќе ја поддржи мојата одлука

Горан Наумовски15/06/2026 - 07:00

Изборните реформи влегуваат во завршна фаза

Предраг Петровиќ08/06/2026 - 16:41

Шест месеци до изборите во САД: „Претседателот е доста непопуларен“

Горан Наумовски03/05/2026 - 21:0903/05/2026 - 22:00

Косово на прагот на нови предвремени избори

Горан Наумовски29/04/2026 - 14:23

Можни резултати од унгарските избори, и што секој од нив ќе значи

Предраг Петровиќ11/04/2026 - 14:12

(ВИДЕО) Мицкоски: На следните избори „мекотелните политичари“ ќе заминат во историјата

Горан Наумовски01/04/2026 - 11:55
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
InstagramTelegram
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Крипто