Јанкулоска: Да си посакаме да веруваме во вредностите кои не водат низ животот

Од:

Носителот на листата за Изборната единица 2, на коалицијата „За подобра Македонија“, предводена од ВМРО – ДПМНЕ, Гордана Јанкулоска денеска имаше средби со граѓаните во скопската општина Ѓорче Петров, а ја посети црквата „Св.Петар и Павле“.

Таа на сите христијани им го честита најголемиот празник Велигден – Христовото воскресение и им посака на сите луѓе мир и благосостојба во семејствата, добро здравје и многу радост.

– Денеска сме со граѓаните на Ѓорче Петров да си посакаме да веруваме во вредностите кои не водат низ животот, да си посакаме успеси, среќа, благосостојба помеѓу сите. Унијата на жените се погрижи да го разубавите овој празничен ден, да се дружиме и да го прославиме овој ден како што доликува да се прославуваат големите христијански празници, изјави Јанкулоска, за време на посетата на црквата „Св.Петар и Павле“.

Би можело да ве интересира

ДИК: По пребројани 100 отсто од гласовите Радически од ВМРО-ДПМНЕ освои најмногу гласови, втор е Јахиј од НАИ

Предраг Петровиќ

Мицкоски: ВМРО-ДПМНЕ прогласи убедлива победа во Брвеница, 4 спрема 1, СДС декласиран

Предраг Петровиќ

СДСМ за Брвеница: Пад на гласовите на ВМРО и раст на гласовите на СДСМ за 46%

Партијата „Вреди“ не обезбеди пласман во втор круг од предвремените избори за Брвеница

Предраг Петровиќ

Локални избори во Брвеница: Радически води со 1.145 гласови, пред Хусеини со 618

ДИК почна да ги објавува првичните резултати од гласањето: Радически има 891 глас, Усеини 438, Радески 226