Претседателот на Собранието на Република Македонија, Трајко Вељаноски денеска присуствуваше на Светата велигденска литургија во Соборниот храм „Св. Климент Охридски“ во Скопје.
– Посветеноста и сплотеноста што постојат кај граѓаните и кај политичарите на овој ден, е пример како треба да биде и во текот на целата година и на тој начин неизбежен е успехот на личен, на професионален и секако на државен план на Република Македонија, изјави Вељаноски по велигденската литургија.