Македонскиот интернационалец Перо Антиќ своето деби во НБА плејофот го започна со триумф, откако неговиот тим Атланта славеше победа на гостувањето кај Индијана со 101-93.
Во натпревар од првата рунда на плејофот во источната конференција, тимот на Антиќ ја продолжи победничката серија против Индијана која во разигрувањето влезе како најдобар тим на истокот.
Антиќ во победата на „Хоукс“ партиципираше со учинок од 8 поени (2/5 за 3 поени, 1/2 за 2 поени) и 7 скока за 28 минути поминати на теренот.
Серијата подобар до четири победи продолжува во среда кога по 1 часот по полноќ ќе се игра вториот натпревар, одново во Индијанаполис.
На останатите средби на стартот од доигрувањето, Бруклин како гостин го совлада Торонто со 94-87, а Голден Стејт славеше триумф против ЛА Клиперс со 109-105.