Офицер и полицаец од египетската полиција беа убиени изминатата ноќ во нов напад врз полицијата во Египет, соопшти египетското МВР.
„Вооружени лица отвориле оган врз возилото со кое двајцата припадници на силите на редот патролирале по патот што го поврзува Каиро со Суец“, се наведува во соопштението на Министерството.
Лидерот на Ал каеда, Ајман ал Завахири вчера одобри напади на египетските џихадисти врз полицијата и армијата, но рече оти треба да се избегне да се повредуваат цивили.