ФОТО: Поплави во Србија

Од:

Четири реки во јужна Србија се излеаја од своите корита во текот на минатата ноќ, како последица на поројните дождови кои последниве денови врнат во регионот.

Најкритично е во реонот долж реката Топлица која поплави десетина куќи во селото Кастрат во општина Куршумлија.

Градоначалникот на Куршумлија, Родољуб Видиќ изјави дека припадници на Секторот за вонредни состојби при српското Министрество за внатрешни работи во текот на целата ноќ поставувале вреќи со песок на брегот на Топлица, но на крајот надојдената вода се прелеала преку насипите и го поплавила селото Кастрат.

– Ситуацијата е многу тешка, бидејќи нивото на водата во реките продолжува да расте. Постои опасност од поплавувања на многу станбени згради и во Куршумлија, нагласи претпладнево Видиќ.

Јавното претпријатие „Патишта на Србија“ соопшти дека поради излевање на реката Јошаница, целосно е во прекин сообраќајот на патните правци Бујановац – Јошаничка Бања и Јошаничка Бања – Дрење во јужна Србија.

Би можело да ве интересира

Боцан-Харченко: Русија ќе ја заштити Србија и Република Српска

ВИДЕО: Снимка од детонацијата, уништена гранатата пронајдена во центарот на Белград

Петчлено семејство загина во судир на автомобил и возило на војската на Србија, меѓу жртвите има и три деца

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Расте нивото на Дунав на влезот во Србија, врвот на бранот се очекува в среда

Нема настава во училиштата во Србија поради протест на просветните работници

(ВИДЕО) Таткото на Александар исчезнат на Кипар објави снимка, смета дека е пронајден неговиот син

Предраг Петровиќ