Партиите од македонскиот политички блок поради велигденските празници вечерва нема да одржуваат митинзи, туку своите изборни програми ќе ги претстават на средби со граѓани.
Претставници на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата „За подобра Македонија“ попладне ќе се сретнат со жителите на Пласница и Дебарца.
Од СДСМ најавија средби со граѓани во скопските општини Центар и Гази Баба и во Берово и Виница.
ГРОМ својата изборна програма ќе ја претстави на средби со граѓани во Гостивар.
Партијата ДУИ вечер ќе има митинг во Теарце, а претходно средби со граѓани во Јегуновце. ДПА, пак, ќе се претстави на митинг во Боговиње.