Одобрен проектот за последната делница на пругата кон Бугарија

Од:

Делегацијата на Европската унија вчера година го одобри проектот за изработка на основен проект за делницата од железничкиот Коридор 8 од Крива Паланка до границата со Република Бугарија, информира Министерството за транспорт и врски.

– За таа намена од страна на Европската унија се алоцирани 3,5 милиони евра, средства кои претставуваат грант од ИПА компонентата за регионален развој во рамките на Оперативната програма за регионален развој. Во следниот период е предвидено да биде распишан јавен повик и се планира во првата половина од 2015 година да заврши постапката за избор на консултант кој ќе треба да го изработи основниот проект за рок од 20 месеци, соопшти Министерството за транспорт и врски.

Со изработката на основен проект за оваа делница,се нагласува во соопштението, ќе се заокружи целиот проект за железничкиот Коридор 8, односно железничката пруга кон Бугарија со комплетна проектна документација.

Во моментов се работи на изготвување на основен проект за втората делница од оваа пруга, односно делницата од Бељаковце до Крива Паланка, а во март 2014 започнаа градежните работи на првата делница од Куманово до Бељаковце.

Би можело да ве интересира

По еден ден прекин, попаднево повторно воспоставен железничкиот сообраќај во земјава

Мицкоски: Лудо е како Влада да прифатиме изградба на тунел без излез, а притоа истиот да чини 800 милиони евра

Францускиот премиер: Нападите на железницата имаа една цел – да ги блокираат возовите за Париз пред Олимписките игри

Возот од Велес утрово не тргна за Скопје

Редовна железничка линија за транспорт на контејнери од пристаништето во Солун до Скопје

Возовите на релација Скопје – Велес нема да сообраќаат од 26 јуни до 10 јули