Бан: Договорот за Украина ќе помогне за смирување на кризата

Од:

Генералниот секретар на ОН Бан Ки-мун ја поздрави почетната рунда од дипломатските преговори за кризата во Украина и рече дека целосното спроведување на договорот постигнат во четвртокот во Женева, ќе помогне за нејзино смирување.

Генералниот секретар на ОН е охрабрен од тоа што сите страни покажале способност да се договорат за еден број конкретни и итни чекори насочени кон смирување на ситуацијата и наоѓање мирно решение за кризата.

Бан, меѓутоа, подвлече дека ситуацијата во Украина и натаму е исклучително променлива.

Тој очекува сите страни да покажат сериозни намери да се ангажираат на имплементација на чекори предвидени со договорот од Женева, кој ќе придонесе за трајно решение за кризата.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Гранатирана е зграда на СБУ во која имало офицери на НАТО, досега се потврдени 15 починати странци

Песков: Неопходни се корекции на нуклеарната политика поради ескалацијата на тензиите

Руската воздушна одбрана синоќа уништи 125 украински беспилотни летала

Северна Кореја: Американската помош за Украина е „неверојатна грешка и луд чин“

Горан Наумовски

Блинкен: Темелно го проучуваме украинскиот план за победа и размислуваме за дополнителни активности

Шест лица загинаа во напад врз медицински центар во Суми