Николиќ побара воени репарации од НАТО за бомбардирањето во 1999 година

Од:

Српскиот претседател Томислав Николиќ побара воени репарации од НАТО за бомбардирањето во 1999 година, објави белградскиот весник „Политика“.

Николиќ, во обраќањато на прославата на Денот на Војската на Србија, оцени дека бомбардирањето на НАТО врз Србија во 1999 година е еден „нецивилизиран преседан во историјата, нешто од што би требало да се засрамат и варварските народи од предхристијанскиот период“.

Тој додаде дека е сосема оправдано да се очекува дека Србија ќе застане на свои нозе со компензирање на штетите.

Повод за оваа изјава на Николиќ е неодамнешното признание на официјален претставник на НАТО, дека Србија е бомбардирана без одобрение на Советот за безбедност на ОН, пишува „Политика“.

– Оправдување за бомбардирањето на една суверена држава, членка на ОН, убивањето на нејзините деца и уништувањето на нејзиното богатство, кое е создадено од нејзините граѓани, беше дека се спречува потенцијално страдање. Подобро да не измислеа никаква причина, бидејќи и немаше причина. Или подобро е да признаат дека причината е создавање на албанска држава на територијата на Србија, нагласи Николиќ.

Би можело да ве интересира

Боцан-Харченко: Русија ќе ја заштити Србија и Република Српска

ВИДЕО: Снимка од детонацијата, уништена гранатата пронајдена во центарот на Белград

Петчлено семејство загина во судир на автомобил и возило на војската на Србија, меѓу жртвите има и три деца

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Расте нивото на Дунав на влезот во Србија, врвот на бранот се очекува в среда

Нема настава во училиштата во Србија поради протест на просветните работници

(ВИДЕО) Таткото на Александар исчезнат на Кипар објави снимка, смета дека е пронајден неговиот син

Предраг Петровиќ