Претседателот на Русија, Владимир Путин денеска додека одговарајќи на прашањата на руските граѓани, вешто избегна да говори за неговиот приватен живот, јави ИТАР-ТАСС.
На прашањето кога ќе ја претстави новата прва дама на Русија, Путин шеговито одговори: „Јас прво треба да ја омажам поранешната сопруга, Људмила Александровна, а потоа да мислам на себе“.
Владимир и Људмила Путин ја објавија својата намера да се разведат на 6 јуни минатата година, по 30 години поминати во брак.
Портпаролот на Путин, Дмитриј Песков неодамна потврди дека Владимир и Људмила законски се развеле.
Песков тогаш истакна дека поранешните сопружници оваа одлука ја појаснуваат со тоа што Путин се посветил исклучиво на работата.
Владимир Путин и Људмила Александровна имаат две ќерки, Марија и Катерина.