Српскиот претседател Томислав Николиќ денеска ќе почне консултации со претставници на изборните листи кои ќе имаат пратеници во новиот состав на српскиот Парламент, по повод формирањето нова Влада.
Консултациите ќе продолжат и во вторник, по велигденските празници.
Николиќ во вторник ќе разговара и со претставници на коалицијата која ја предводи Српската напредна партија, која во Парламентот ќе има од 158 до 250 мандати.