Земан: Тимошенко-бандит, Путин-ладнокрвен шахист

Од:

На Украина и е потребен силен лидер, а не еден од оние бандити кои до сега беа на власт, па макар тоа да е и жената со насмевка на ангел или средена фризура, изјави претседателот на Чешка, Милош Земан.

Тој смета дека на Украина не може да и помогне ниту ЕУ, бидејќи парите ќе исчезнат во рацете на олигарсите.

Обраќајќи се пред студентите во градот Храдец Карлове, Земан не ја отфрли можноста Украина да стане дел од ЕУ, но додаде дека тој пат е долг околу 15 години, за што е потребно спроведување на неопходни реформи.

-Што се однесува до руско-украинските односи, Киев има многу силен противник- рече Земан додавајќи дека рускиот претседател Владмир Путин е„ ладнокрвен шахист“, кој знае да ја искористи слабоста на соите противници.

Е. Г.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Гранатирана е зграда на СБУ во која имало офицери на НАТО, досега се потврдени 15 починати странци

Песков: Неопходни се корекции на нуклеарната политика поради ескалацијата на тензиите

Руската воздушна одбрана синоќа уништи 125 украински беспилотни летала

Северна Кореја: Американската помош за Украина е „неверојатна грешка и луд чин“

Горан Наумовски

Блинкен: Темелно го проучуваме украинскиот план за победа и размислуваме за дополнителни активности

Шест лица загинаа во напад врз медицински центар во Суми