ВМРО-ДПМНЕ за локалните избори со прецизни проекти

Од:

ВМРО-ДПМНЕ ќе излезе со прецизни, конкретни проекти, рокови, средства и динамика за нивна реализација. За локалните избори. Таквиот пристап, велат, ВМРО-ДПМНЕ ја прави различна од сите други партии во Македонија,.

„За нас мислењето на граѓаните има исклучително високо значење. Досегашната практика покажа дека предлозите и проектите на граѓаните се исклучително квалитетни. Граѓаните нудат идеи и решенија за нивните вистински потреби и приоритети“, рече Никола Тодоров, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.

Тој информира дека досега граѓаните предложиле повеќе мерки и проекти, кои се преземени, како легализацијата на дивоградби, откупот на дворно земјиште за едно евро по метар квадратен, увоз на половни возила, изградба на основни училишта, театри, плоштади.

„Токму затоа продолжуваме понатаму, отворено, транспарентно и посветено. Во насока на мобилизација на сите креативни капацитети на македонското општество и нивно обединување во намерата за побрз и посилен развој, од денеска ВМРО-ДПМНЕ ги повикува сите граѓани кои имаат предлози, сугестии, проекти и размислувања за кои сметаат дека можат да бидат внесени во изборната програма на Партијата во општината каде живеат да ги достават до нас,“, рече Тодоров.

Граѓаните, рече, своите предлози може да ги достават на маил [email protected], преку пошта на адреса ул. „Македонија“ бр. 17 а Скопје и преку директна достава во седиштата на општинските комитети на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: СДС на Венко Филипче шири лаги и хистерија

Горан Наумовски

Филипче го слави системот што го спаси од обвинение, велат од ВМРО-ДПМНЕ

(ВИДЕО) Лефков: Филипче во време на здравствена криза не мислел на пациентите, туку како да го наполни џебот

А1он

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче молчеше за загадената вода во Гостивар додека беше министер

Горан Наумовски

Левица: Честитки до ДПМНЕ – Македонија стана лидер во Европа и по случаи на западнонилска треска по глава на жител

Горан Наумовски

ВМРО-ДПМНЕ: Ние работиме, СДСМ се дави во сопствениот хаос и лаги

Горан Наумовски