Без Надал во наредните два месеци

Од:

Шпанскиот тенисер Рафаел Надал ќе отсуствува од терените најмалку уште два месеци, за да се опорави од повредата на коленото во потполност.

Тој нема играно од поразот во второто коло на Вимболдон, а под знак прашање е и неговото учество на завршниот Мастерс во Лондон, кој е на програмата од 5-ти до 12-ти ноември.

Многу медиуми ја спомнуваа можноста дека Надал ќе се врати на теренот за полуфиналето на Дејвис купот меѓу Шпанија и САД, но и тоа нема да биде возможно.

„Ги пропуштив Олимписките игри и УС Опен, а тоа се најважните турнири оваа година, на кои навистина сакав да играм. Сакам да се вратам на теренот, но поради тоа што имам уште неколку години пред себе, сега е најважно да ги одморам своите колена. Ќе се вратам кога нема да чувствувам болка.

– Задоволен сум што има напредок и што нема да морам да одам на операција“, изјави Рафаел Надал.

 

Би можело да ве интересира

Енди Мареј е новиот тренер на Новак Ѓоковиќ

Карлос Алкараз го победи Андреј Рубљев во второто коло на завршниот турнир во Торино

ВИДЕО: Рубљев збесна – се удираше и се раскрвави со рекет

Предраг Петровиќ

Синер: „Многу тешка ждрепка“

Предраг Петровиќ

Синер преку Ѓоковиќ до титулата во Шангај

Новак во полуфиналето на Шангај-посилен од енергичниот Чех