Груевски: Заедништво без поделби за силна Македонија

Од:

Порака за заедништво, слога и солидарност, без поделби, за изградба на силна и почитувана Македонија, упати премиерот Никола Груевски од Детроит.

На средбата со македонската дијаспора тој рече дека тоа е аманетот што ни го имаат оставено нашите претци .

„Тоа е единствен начин за добивање на борбата против негаторите на македонскиот народ и македонската црква. Останете цврсти, останете во заедништво, немојте да се делите овде во дијаспората. Ни требате сложни, само така можете најмногу да и помогнете на Македонија“,рече Груевски.

На средбата со ислениците, покрај владиниот тим што го предводи Груевски, присуствуваа и американски конгресмени, бизнисмени, претставници на МПЦ.

Конгресменот од Демократската партија Гари Питерс истакна дека заедно со педесетина негови колеги испратија писмо до претседателот на САД Барак Обама во кое побараа да се заложи Македонија да стане дел од НАТО.

„Ни треба Македонија во НАТО, потребно е да имаме посилни односи и ќе сториме се што можеме да осигураме дека сојузот меѓу САД и Македонија е силен“, рече Питерс.

Поддршка за македонското членство во НАТО и засилување на партнерството меѓу САД и Македонија искажа и Кендис Милер, конгресменка од Републиканската партија.

Би можело да ве интересира

Макрон одлучи: Себастијан Лекорну е нов премиер на Франција

Горан Наумовски

Собранието на Република Српска гласа за новата влада, премиер e Саво Миниќ

Горан Наумовски

Јужна Кореја: Поранешниот премиер обвинет за поттикнување воена состојба

Премиерот на Романија поднесе оставка

А1он

ДУИ: Владата продолжува со ограничување на употребата на албанскиот јазик

ДУИ: Премиерот не е обвинител, ниту има право да ја злоупотребува својата позиција за политичка борба

Горан Наумовски