Околу 20 курдски бунтовници и девет турски војници загинаа во судири на југоистокот на Турција, соопштија извори од локалната власт.
„Девет припадници на безбедносните сили загинаа, а осум се ранети“, рече Вахдетин Озкан, гувернер на провинцијата Ширнак.
Во изминатите месеци зачестија судирите меѓу турската армија и курдските бунтовници. Како причина за тоа, турските власти ги наведуваат немирите во Сирија.