Пожар со слаб интензитет, синоќа, избувнал во резиденцијата на албанскиот претседател во Тирана, Бујар Нишани.
Според албанските медиуми, пожарот се појавил на третиот кат од објектот, притоа предизвикувајќи само помала материјална штета.
Според првичните проценки,причина за пожарот е дефект во електричната инсталација.