Новата биографија посветена на американскиот претседател Барак Обама, открива дека црномурестиот „татко“ на САД, во неговите студентски денови бил голем уживател на марихуана.
Авторот Дејвид Маранис, кој е добитник на Пулицерова награда, во биографијата пренесува изјави на соученици на Обама, кои тврделе дека Барак скоро секој ден по завршувањето на часовите, со неколку свои пријатели со кои се нарекувале „гангстерска банда“ , уживале во опојната дрога.
Маранис, овие свои тврдења во биографијата ги потврдува и со фотографија на која младиот Обама е фотографиран со шапка на главата и цигара – марихуана во раката.
Според тврдењата во книгата, претседателот, воведувал и строги казни за соучениците кои нема да ги следат неговите стапки.
Она што е интересно за авторот е дека сите од „бандата“ на Обама биле добри и примерни ученици, спортисти кои прераснале во успешни политичари, адвокати, бизнисмени и писатели.
Целата приказна од биографијата се одвива 1970-тите години, кога Обама бил ученик во гимназија во Ханалулу, Хаваи. На претседателот дури му се дава и заслугата дека им покажал на неговите пријатели дека задоволство од марихуаната е поголемо кога ќе се затворат во автомобил и ќе ја конзумираат со затворени прозорци.
Сепак, се смета дека оваа биографија нема да ги намали шансите на Обама за ре-избор како претседател, со оглед на тоа дека дури 56 проценти од Американците сметаат дека марихуаната треба да се легализира. Педесетгодишниот Обама, сопруг и татко на две ќерки, во својата предходна биографија призна дека земал марихуана 1995-тата година.