Од денеска во Косово и Метохија престанува важењето на возачки дозволи издадедни од страна на српската полиција на граѓаните кои живеат во Косово.
Косовскиот министер за внатрешни работи, Бајрам Реџепи изјави за „Танјуг“ дека граѓаните кои имаат вакви возачки дозволи од денес нема да можат да ги користат при управувањето на своите возила низ Косово, а возачките дозволи издадени од Србија за граѓаните кои живеат таму, ќе важат, но истите ќе мораат да платат осигурување при влез во Косово.
Сите што не ги замениле своите документи, при средбата со полицијата ќе бидат третирани исто како да немаат возачка, а оваа одлука, за престанокот на важност на дозволите издадени од српската полиција, беше донесена на крајот на минатата година.