ВМРО-ДПМНЕ: Непроценлива е штетата која ја направи СДСМ во Кавадарци

Од:

Кавадарци е градот кој убедливо најсилно го почувствува штетното владеење на СДСМ, рече на денешната прес-конференција Горица Пеливанова, претседател на ОК на ВМРО-ДПМНЕ-Кавадарци.

Бранко Црвенковски наместо на однапред договорени монтирани средби со партиското членство, нека се сретне со обичниот народ, оној кој остана без работа, без ниту еден денар субвенции, без егзистенција и достоинство. Ним нека им каже да кренат глас за пак СДСМ да се врати на власт.

Бранко Црвенковски треба да го објасни распадот и разграбувањето на винарската визба Тиквеш, Бранко Црвенковски треба да се сретне со седумстотини луѓе кои останаа без работа од фабриката Страшо Пинџур која се затвори во негово време. Ликвидацијата и разграбувањето на фирмата Тиквеш транс, како и стечајот на фабриката Таска, фабриката Дафинка-фирми затворени во време на СДСМ и Бранко Црвенковски.

Да ги посети 500-те кавадарчани кои останаа без егзистенција од фабриката Пелагонија 5-то градилиште, да објасни за затворањето на МИК каде без работа останаа 1000 вработени, Мепос каде останаа без работа 120 кавадарчани.

Недомаќинското работење на кадрите од СДСМ доведоа до огромни загуби на јавните претпријатија Комуналец и водостопанство Тиквешко поле каде директор беше актуелниот пратеник Борче Ставров.

Непроценлива е штетата која ја направи СДСМ во Кавадарци. Земјоделците во Кавадарци денар пара не добиваа од државата, грозјето буквално се расфрлаше по нивите. Сето ова Кавадарци не го заборава и токму затоа кавадарчани ќе го казнат СДСМ.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Владата инвестира 5,4 милиони евра во нови работни места

СДСМ: Заради ВМРО-ОКГ, Македонија губи милијарди, а не милиони евра

Горан Наумовски

ВМРО-ДПМНЕ: На СДС, ДУИ и Левица не им поминува лошиот политички театар со кој свесно го блокираат Изборниот законик

ВМРО-ДПМНЕ: Доказ за безидејноста и конфузијата која владее во СДС е денешната прес-конференција на Венко Филипче

Мицкоски: Ако некој смета дека треба да бидемe дел од ЕУ, подготвени сме за се што е конструктивно, но не и деструктивно

Предраг Петровиќ

Се зголеми бројот на пратеници на коалицијата „Твоја Македонија“, предводена од ВМРО-ДПМНЕ

Предраг Петровиќ