ОН го повикаа Ирак да прогласи мораториум врз смртните казни
Мисијата на Обединетите нации во Ирак, ги повика властите во Ирак да прогласат мораториум врз извршувањето на смртни казни.
Само во оваа недела беа агзекутирани 26 лица, пренесоа француските медиуми.
Во понеделникот 21 лице, осудени на смрт, меѓу кои и три жени, беа егзекутирани поради терористичка активност. Во средата беа егзекутирани уште петмина осудени на смрт.
Од почетокот на годината во Ирак се извршени 96 смртни казни.
Пред мисијата на ОН, повици кон Ирак да ги „замрзне“ смртните казни упатија и шефот на европската дипломатија Катрин Ештон, организацијата за заштита на човековите права „Амнести интернешенел“ и високиот комесар на ОН за правата на човекот Нави Пилај.