Уапсен убиецот на двете жени во Русија

Од:

Руската полиција уапси маж на 38-годишна возраст од Казан под обвинение дека извршил убиство на две жени и на ѕид во станот со нивна крв испишал Free Pussy Riot.

Во соопштение полицијата наведува дека станува збор за универзитетски професор кој признал дека бил пријател со една од жртвите и го признал убиството. Тој барал од неа да плати негови долгови поради што таа се задолжила во банка.

Вчера во стан во Казан беа пронајдени две мртви тела на жени на возраст од 76 и 38 години. Телата на жртвите биле искасапени со голем број убоди од нож.

Адвокатот кој ги брани девојките од Пуси Рајот изјави вчера дека злосторството нема никаква врска со неговите клиентки.

Би можело да ве интересира

Лавров го предупреди Западот да не се бори до победа со нуклеарна сила

Горан Наумовски

Русија за атентатот на шефот на Хезболах: Уште едно политичко убиство

Шест лица загинаа во напад врз медицински центар во Суми

Боцан-Харченко: Русија ќе ја заштити Србија и Република Српска

Алаудинов: Зеленски ќе мора да потпише безусловна капитулација

Најмалку осум лица се повредени во руските напади на Запорожје во Украина