Сите учебници од основно и средно образование, ги „чешла“ работна група со мешан етнички состав.
Според заменик министерот за образование Сафет Незири, историските факти кои ги учат децата од учебниците, наместо да ги обединат, ги разединуваат.
„Сите народи на ова поднебје заедно се бореле за државноста, за слобода, за независност, значи заедно се бореле, а секој сам си пишува историј. Историјата не го учи само Албанецот, Македонецот или Турчинот. Историјата, секој треба да се најде себеси во учебникот. Не може една етничка заедница да биде 5-10%, а 90% друга етничка заедница или обратно“, изјави заменик министерот за образование и наука, Сафет Незири.
Недостаток од дебата за промена на програмата, создавање на иновативни онлајн материјали. Ова се само дел од забелешките на извештајот од проектот “Клуч за отклучување на минатото” на асоцијација на наставници по историја во Македонија, АНИМ.
Наставниците по историја ова истражување го спроведоа во соработка со европската асоцијација за едукатори по историја Еуро Клио, а проектот е поддржан од белгиското и од норвешкото министерство за надворешни работи.