Турција го блокира пристапот на Twitter

Од:

Турција го блокира пристапот на Twitter. Оваа информација доаѓа само неколку часа откако премиерот Реџеп Тајип Ердоган се закани дека ќе го забрани пристапот кон социјалнните мрежи.

Заканата е одговор на корисниците кои објавуваа аудио и видео снимки и документи за наводно прикажување на корупција помеѓу неговото опкружување.

– Ќе го искорениме Twitter. Не ме интересира што вели меѓународната заедница. Секој ќе ја види моќта на Турската Република, изјави Ердоган.

erdogan-wipe-out-twitter.siКорисниците кои се обидуваат да пристапат на Twitter.com се пренасочуваат кон изјава која очигледно е напишана од Турско регулаторното тело за телекомуникации, каде се истакнати четири судски налози, основа за блокирање на сајтот.

Twitter сеуште нема издадено формална изјава, но компанијата објави упатство до корисниците како да се продолжи со испраќање на твитови преку текст пораки.

twiiterПремиерот на Турција и претходно го упатуваше својот гнев кон социјалните мрежи, етикерајќи ги како „зло”, особено минатото лето кога овие мрежи беа искористени за поттикнување на протести.

Набрзо по овие протести владата на Турција побара од Twitter да отвори своја канцеларија во земјата, за брза реакција за отстранување на содржина и одговорност на оваа институција според турските закони. Twitter на ова барање не одговори.

Ердоган исто така, ја разгледува и можноста за блокирање на Facebook и YouTube поради тоа што, како вели, и овие мрежи премногу се злоупотребуват од страна на неговите непријатели.

Би можело да ве интересира

Ердоган: Турција ги прекина односите со Израел

Ердоган: Нема објаснување зошто процесот на пристапување на Турција во ЕУ е блокиран со години

Ердоган: САД ги користат терористичките организации на Блискиот Исток за свои интереси

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Турција ги нападна Курдите во Ирак и Сирија во знак на одмазда за терористичкиот напад кај Анкара

Горан Наумовски

Русинка го оставила своето новороденче на аеродромот во Турција: „Не знаев дека сум бремена“

Силен земјотрес ја потресе Турција

Горан Наумовски