Од 92 лица убиени во Сирија, 32 деца

Од:

Обединетите нации по саботната посета на сирискиот град Хоули објавија дека во петочното бомбардирање на градот настраде повеќе од 92 лица. Една третина од жртвите, убиени на најѕверски начин, биле деца.

Снимка со раскрварените тела на децата, со отворени черепи била ставена и на „јутјуб“ со цел да се покажат жртвите од бомбардирањето на градот Хоули.

По истрагата на преставниците од ОН на местото од видеото, пронајдени се повеќе од 32 убиени деца под возраст од 10 години и над 60 мртви возрасни луѓе.

Генералниот секретар Бан Ки-Мун, побара Владата на Сирија веднаш да престане со употреба на тешко оружје во населени места.

Центарот на Хоули беше бомбардиран во петокот вечерта откако безбедносните сили на Асад убија демонстрант. Голем број невини граѓани успеале да избегаат од морето бомби фрлени против режимот во Сирија.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Израел нападна сириски воени аеродроми

(ВИДЕО) Нов израелски напад врз Сирија

Ахмед Ал Шара: Сирија има капацитет да преживее

За два дена во Сирија се убиени повеќе од 1.000 луѓе

Масакр во Сирија: Убиени над 340 цивили, тврди Сириската опсерваторија за човекови права

Ердоган: Мора да бидеме подготвени на сите сценарија