Аргентинскиот тенисер Давид Налбандијан се повлече од US Open поради повреда, а неговото место во ждребот ќе го заземе „среќниот губитник“.
Налбандијан во првото коло требаше да игра против Хуан Мартин дел Потро.
30-годишниот Аргентинец беше и трет тенисер на светот, а на US Open стигна до полуфинале во 2003-тата година.