Емануел Грациано Мацедо, брат на убиената мексиканка, Селена Маргарит, чие тело во саботата е пронајдено закопано на сплитски Марјан, го идентификуваше нејзиното тело на патологија во Сплит.
Емануел дојде со почесниот конзул на Мексико во Сплит, веднаш го препознал телото и потврдил дека тоа е неговата сестра.
Моментот бил многу потресен, затоа што Емануел гаел надеж дека е ископано тело на друга деволка, а не на неговата сестра.
До последен момент се надевал дека Селена е сепак жива. Од полицијата бара само да се пронајде виновникот.
Набрзо нејзиното тело ќе биде пренесено во Мексико.
Со обдукција на телото и проверка на облеката на убиената Мексиканка Селена Маседо, сплитската полицијата дојде до биолошки траги кои можат да послужат за откривање на убиецот.
Убиената Мексиканка била пронајдена гола, но нозете не и биле врзани со селотејп како што се шпекулираше. Таа била заклана со нож.
Убиецот телото го фрлил во процеп во карпи, а потоа го затрупал со земја и со гранки.
Мексиканката Селена Маседо чие тело по три дена интензивна потрага беше пронајдено на врвот Марјан во Сплит, полицијата се сомневаше дека била врзана силувана а потоа убиена.
Несреќната Мексиканка е убиена на сред бел ден во шпицот на туристичката сезона и тоа во периодот кога на Марјан се рекреираат стотици граѓани, штом уште повеќе го наметнува прашањето како е можно никој ништо да не забележал.
Полицијата го осомничи нејзиниот брат, Емануаел, но тој се ослободи од овој товар откако помина на полиграф.