Регулаторната комисија одлучи, повторно поскапуваат бензините. Малопродажните цени на ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 се зголемуваат за 2,50 денари, одлучи Регулаторната комисија.
Со оваа Одлука се врши зголемување на рафинериските и на малопродажнитецени на нафтените деривати во просек за 3,45%, односно за 2,43% во однос на рафинериските и на малопродажните цени на нафтените деривати утврдени согласно Одлуката на Регулаторната комисија за енергетика на Република Македонија од 13.08.2012 година.
Цената на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 88,50 денари литар и на ЕУРОСУПЕР БС-98 изнесува 90,00 денари за литар. ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) ќе се продава за 74,50 денари литар, а на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) изнесува 63,00 денари за литар. Малопродажната цена на мазутот М-1 НС изнесува 47,237 денари за килограм.