Беснеат четири пожари

Од:

Во Македонија се активни четири пожари, во атарот на село Вражале, општина Зелениково, во село Добровени, општина Новаци, во село Црешнево, општина Македонски Брод и во село Вратница, општина Јегуновце.

Според Центарот за управување со кризи, пожарите кај селото Јаболце, општина Сопиште, во Гошинце и во Националниот парк „Маврово“ на Бистра, се ставени под контрола.

Гаснењето на пожарот во Вражале е отежнато поради конфигурацијата на теренот. На терен се 30 вработени на Шумското стопанство „Караџица“ и месното население. Во текот на денот дејствувал и авион на Дирекцијата за заштита и спасување. Се очекува пожарот да биде локализиран.

Пожарот во Добровени зафатил високостеблеста листопадна шума, а за негово гаснење се ангажирани екипи на Шумското стопанство „Кајмакчалан“ и Теренската противпожарна единица, Битола. Дел од пожарот преминал на страната на Грција.

Поради непристапен карпест терен отежнато е и гаснењето на пожарот кај Црешнево кој засега е активен во атарот на село Белица, на местото „Северот“. Гори сува трева и ниска вегетација. Нема опасност од негово префрлање на места со погуста вегетација.

Пожарот над село Вратница во Јегуновце зафати букова и мал дел чамова шума, а гаснењето е отежнато поради тешко пристапниот терен каде од утринските часови се наоѓаат екипа од Шумското стопанство „Лешница“ – Тетово и месното население. Дејствувал и авион на Дирекцијата за заштита и спасување.

Би можело да ве интересира

Пожар во дрвена куќа кај Самобор – двајца загинати

А1он

Опожарени дваесетина хектари нискостеблеста шума и сува трева во Макреш, Старо Нагоричане

Најмалку 50 лица се повредени во пожар во фабрика за автоделови

Пожар во Прочистителната станица во Мојанци, гореше инсталација за пренос на метан

Опожарени три возила на паркинг во Ново Лисиче

(ВИДЕО) „Огнена река“ во Техеран

Горан Наумовски