Велика Британија ја повлече заканата дека ќе влезе во еквадорската амбасада во Лондон за да го уапси основачот на „Викиликс“, Џулијан Асанж. Ова денеска го изјави претседателот на Еквадор Рафаел Кореа.
„Сметаме дека овој несреќен инцидент е завршен, откако Британија направи сериозна дипломатска грешка кога рече дека ќе влезе во нашата амбасада“, рече Кореа.
Во соопштението на еквадорската влада се наведува дека примила „известување на Форин Офисот во кое се вели дека нема никаква закана за упад во амбасадата“
Министерите за надворешни работи од американскиот континетн усвоија резолуција за „неповредливост на дипломатските мисии“ откако настана спорот со Велика Британија во случајот „Џулијан Асанж“
Еквадор бараше поддршка од Организацијата на американските држави (ОАД) со образложение дека Велика Британија се заканува да влезе со сила во амбасадата во Лондон.
Резолуцијата на ОАД сепак е сменета откако Велика Британија соопшти дека не се заканувала. Со резолуцијата е изразена солидарност со Еквадор, а САД престанаа да се противат на релолуцијата откако таа беше изменета.