Многу големи тениски битки се случија оваа година. На ред дојде и US Open, најгламурозниот од сите четири Гренд слем турнири.
Федерер бележи резултати како во најдобрите денови, Ѓоковиќ е бранител на титулата и игра на својата омилена подлога, а очекувањата се големи и од Енди Мареј, сепак тој го освои олимпиското злато оваа година во Лондон.
Од турнирот, кој трае од 27-ми август до 9-ти септември, отсуствува Рафаел Надал, но тука се Дел Потро, Цонга, Иснер и останатите.