Српскиот премиер Ивица Дачиќ ги задолжил надлежните министерства да ја испитаат законската регулатива и да изнајдат начин во иднина никој да не смее да им дава отказ на жените кои се бремени.
Според него, недопустливо е некои фирми да ги отпуштаат бремените жени, зашто не е хумано и е против стратешките интереси да се зголеми бројот на жители во земјата.