Чинговски: Заемот од Дојче Банка нема да ја зголеми цената на струјата

Од:

„Заемот од Дојче банка за ревитализација и модернизација на блокот 2 и блокот 3 од ТЕ Битола во износ од 49,232 милиони евра нема да пдонесе и зголемување на цената на еклектричната енергија, изјави генералниот директор на АД ЕЛЕМ Влатко Чингоски .

„ Заемите што ги добиваме за реализација на нашите прокети всушност помагаат притисокот врз цената на електричната енергија да биде значително намален и редуциран затоа што во цената се прифаќаат само оние трошоци кои се реализирани во тековната година. Ако се има предвид дека кредитот ќе се враќа 12 години само ратата која оди во година на плаќање ќе влегува како трошок во работењето на компанијата, а со тоа и ќе врши притисок врз зголемување, односно промена на цената на електричната енергија“, вели Чингоски.

Би можело да ве интересира

Шпанија и Португалија останаа без електрична енергија

Македонија има стабилен електро преносен систем, тврди Љатифи

ЕДС со нов менаџмент и нови иновативни пакети за снабдување со електрична енергија

ЕДС Инфо поинт: Просечната цена на струјата на HUPX берзата за денеска изнесува 83,02 евра за мегават час, на МЕМО 87,77 евра за мегават час

Снема струја во Порторико

Во јануари 69,7 отсто од потрошената струја од домашно производство