Даниел Кохн-Бендит нема да биде одликуван од градот Стразбур

Од:

Лидерот на зелените во Европскиот парламент Даниел Кохн-Бендит кој требаше да ја добие почесниот Орден на градот Стразбур, поради неговиот став за преселување на Европскиот парламент во Брисел, нема да биде одликуван, јави дописникот на МИА од Париз.

Одлуката за тоа ја донесе градоначалникот на Стразбур, Ролан Риес, откако Даниле Кохн- Бендит во неговата утринска хроника на приватното радиот Еуроп 1, отворено се заложи за дефинитивно преселување на Европскиот парламент од Стразбур во Брисел.

На местото на Европскиот парламент, поточно во неговата зграда во Стразбур, тој предложи да се инсталира европски универзитет.

Ова не е нова идеја на Бендит и таа не ја делат неговите сопартијци од Алзас.

Но, тој ја изнесе само неколку дена пред предвиденото одликување на 26 февруари, кога покрај него требаше да бидат одликувани и европратеникот од Алзас Жозеп Дол (претседател на групата на Народните партии во ЕП и претседател на ЕНП), луксембуршката европратеничка Астрид Лулинг – доајен во ЕП и вице-претседателот на ЕП, Мигуел Ангел Мартинез – европратеник од Шпанија.

– Даниел Кохн-Бендит изгледа дека е заробеник на про-бриселските лобисти и повеќе нема критички ставови кои го прославија во минатото, оцени во своето коминике градоначалникот на Стразбур.

Би можело да ве интересира

Акцијата „Моби Дик“ една од најголемите во ЕУ – даночно затајување од 520 милиони евра

А1он

Глобална трговска војна, Британија избира помеѓу САД или ЕУ

Косачов: Европската Унија нема да опстане без Русија и БРИКС

Блумберг: Лидерите на ЕУ го повикаа Бајден да ја зголеми помошта за Украина пред доаѓањето на Трамп

Вучиќ: ЕУ треба да ја промени стратегијата кон Западен Балкан, но и кон Србија

Рама: Извештајот за напредокот на Албанија за 2024 година најпозитивен до сега

А1он