Поради сушата која го намали приносот на житариците и до 30%, српските земјоделци се во паника како ќе го задржат добиточниот фонд.
За да го спасат домашното производство на месо, млеко и јајца, поради високата цена на добиточната храна, Српската влада двојно им ги зголемила субвенциите и премијата за млеко на сточарите, а стокови резерви ќе откупи 200 000 тони пченка колку што им се домашните потреби за една година.
Сушата оваа година значително го намали родот на земјоделските култури особено на суровините за добиточна храна во цел регион. Токму затоа Србија размислува на стопирање на извозот на пченка и пченицата.