Откако Мит Ромни го одбра својот партнер за потпретседател, и на само неколку денови пред националните партиски конвенции , американскиот претседател Барак Обама ја задржа досегашната предност во трката за Белата куќа, покажува најновата анкета на ТВ мрежата „NBC News“ и на „The Wall Street Journal“.
Демократското ливче на кое се Обама и потпретседателот Џо Бајден, добива подршка од 48 проценти од регистрираните избирачи, а републиканското ливче со Ромни и Пол Рајан како потпретседателски кандидат, 44 проценти.