Федерер убедлив до победа во Синсинати

Од:

Роџер Федерер го освои Мастерсот во Синсинати, откако во финалето го победи Новак Ѓоковиќ со убедливи 6:0, 7:6(7).

Швајцарецот доминираше од почетокот на дуелот и неочекувано лесно дојде до шестиот трофеј во 2012-та година, вкупно 76-ти во кариерата.

Ѓоковиќ во потполност беше отсутен во поголемиот дел од натпреварот. Дури во вториот сет почна да игра малку подобро но, тоа беше недоволно за расположениот Федерер.

Српскиот тенисер го доживеа најубедливиот пораз во досегашните 28 дуели со Швајцарецот.

Новак имаше 12 винери и 23 грешки, а Федерер 28 винери и само 18 грешки.

Ова беше 16-тата победа на Федерер против Ѓоковиќ. Првиот тенисер на светот со овој триумф си го зацврсти местото на чело на АТП листата. Тој од понеделник ќе има 12.165 поени, а Ѓоковиќ 11.270.

 

Би можело да ве интересира

Енди Мареј е новиот тренер на Новак Ѓоковиќ

Карлос Алкараз го победи Андреј Рубљев во второто коло на завршниот турнир во Торино

ВИДЕО: Рубљев збесна – се удираше и се раскрвави со рекет

Предраг Петровиќ

Синер: „Многу тешка ждрепка“

Предраг Петровиќ

Синер преку Ѓоковиќ до титулата во Шангај

Новак во полуфиналето на Шангај-посилен од енергичниот Чех