Властите во Њу Орлеанс во американската држава Луизијана соопштија дека од автомобилот во кој со огнено оружје биле застрелани маж и жена извлечени се две неповредени деца. Децата го гледале убиството на родителите.
Портпаролот на локалните власти Глен Т Бојд изјави дека автомобилот бил пронајден на автопат во Авондел југозападно од Њу Орлеанс.
Полицијата на местото пронашла голем број на чаури од куршуми додека на автомобилот имало дупки од куршуми.
Мажот и жената се прогласени мртви, а нападот го преживеало четиригодишно девојче и четиримесечно момче.