Охридскај: Огласувачот на некрологот за Рудолф Хес, на платен список на Влада

Од:

Огласувачот на некрологот за Рудолф Хес е на платен список на Владата, објави порталот „ОхридСкај“, повикувајќи се на анонимен извор на изданијата на МПМ.

Според порталот нарачателот на некрологот имал дипломирано на „ Евроколеџ“, и бил вработен предходно во една агенција за обезбедување, а потоа на молба на висок функционер од Штабот на ВМРО – ДПМНЕ и пратеник во Парламентот е вработен на договор како советник-помошник во Владата на Република Македонија.

Лицето било од Штип, а на минатите избори бил често гледан во друштво со Илија Димовски, пишува порталот.

Во вчерашните изданија на „Дневник“ и на „Вест“, излезе некролог, од како што велат, почитувачите на помошникот на Хитлер, Рудолф Хес.

„Минаа 25 години од смртта на човекот кој мина 46 години во затвор, само затоа што веруваше и остана доследен на неговата идеја и го презеде храбриот подвиг за мировна мисија. Затоа вечно ќе се памети затвореникот на мирот. Тој се осмели“, стои во некрологот, потпишан од неговите македон ски почитувачи.

Излегувањето на некрологот наиде на остри осуди во јавноста, а МПМ им се извини на читателите.

Би можело да ве интересира

Шокантно откритие на градската управа на Потсдам – Јозеф Гебелес е се уште на листата на почесни граѓанини

Ана Ололовска

Унгарија казнета со одржување на еден квалификацискиот натпревар за СП 2022 без гледачи поради расизам против играчите на Англија

А1он

Внукот на Ањели пријавил смртни закани по објава на Твитер за фашистички групи

Жарко Настоски

Европа скромно ќе го одбележи Денот на победата

Ана Ололовска

Светот слави Ден на победата над фашизмот или Ден на Европа

Ана Ололовска

Најбогатото германско семејство ги поддржувало нацистите

Ана Ололовска