Црквата бара милост за „Пуси рајот“

Од:

Владеачката Единствена Русија, смета дека казната од по две години за трите членки на групата „Пуси рајот“ е преостра. Руската православна црква бара милост.

Пресудата е поради перформансот „Богородице, протерај го Путин“.

И висок функционер на Путин оцени дека казната е превисока и најави дека последната одлука ќе биде кај Путин.

Сепак оцени дека пресудата е лекција дека државата ги штити правата на сите религиозни заедници.

Црквата која сега бара милост, претходно најостро ја осудуваше претставата и бараше остра казна.

Бројни познати личности, како Мадона, Пол Мекартни, Дени де Вито ја подржаа групата.

Протести поради судскиот процес се закажани во повеќе европски и светски градови.

Белата куќа изрази разочарување поради непропорционално високата казна.

Високата претставничка на ЕУ, Кетрин Ештон изјави дека овој случај се вклопува во трендот на пораст на политички мотивирани застрашувања и прогони на опозициските активисти во Русија.

ОБСЕ наведе дека постои опасност од загрозување на слободата на изразување.

Би можело да ве интересира

Белоусов: Руските вооружени сили ги „згазија“ најдобрите украински единици

Горан Наумовски

Русија: Сите боеви глави на ракетата „Орешник“ стигнаа до целта

Американската разузнавачка служба ги предупреди одбранбените компании за заканата од руска саботажа

Таен прекин на летовите во дел од Русија

Медведев за лансирањето на „Орешник“ во Украина: Добивте тоа што побаравте

Русија: Ја предупредивме Америка за нападот